Струмица го положи тестот, на „Младост“ ќе се игра и дуелот Македонија - Албанија

19 Мај 2017

Натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Русија помеѓу Македонија и Албанија најверојатно ќе се игра во Струмица - објави порталот www.gol.mk. Финалето на Купот меѓу Шкендија и Пелистер беше и своевиден тест и на 5 септември веројатно стадионот „Младост“ ќе биде поприште на уште еден голем дуел.

Струмичани ги исполнија сите услови, тревнатиот терен е во одлична кондиција, подтрибинскиот простор и соблекувалните се според правилата на УЕФА, а за овој натпревар дополнително ќе биде подготвена и ВИП и новинарската ложа.

www.gol.mk