Саем на книга во Струмица - „Ајде да читаме“

18 Мај 2017

Од 19 до 24 мај, Струмица по втор пат ќе биде домаќин на заеднички промотивен настан „Ајде да читаме“ на којшто учество ќе земат повеќе издавачки куќи.

Струмичани ќе имаат голем избор на книги, за сечиј вкус и по цени за сечиј џеб. Од белетристика, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право и политика, енциклопедии за деца и возрасни, духовна литература, поезија…

Секој ден во деновите од 19 до 24 мај на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ со времетраење од 09:00 до 21:00 часот, читателите ќе може да си ги купат најдобрите дела од Матица, Сакам книги, ТРИ, Култура, Антолог, Ѓурѓа, Наша култура, Макавел, АРС Ламина, Бегемот, Магор, Мартина.

Саемот на книга е во организација на Младински совет, Академија „АБЦ“ и ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“.