ВИДЕО: Пелистер го освои КУП пехарот во Струмица

17 Мај 2017

Фудбалски празник во Струмица кое оддамна се нема случено во градот на најголемите македонски спортисти. Куп финале помеѓу Шкендија и Пелистер. По пауза од 16 години, КУП пехарот заврши во Битола, во рацете на Пелистер. Пелистер ја совлада Шкендија на стадионот „Младост“ во пенал завршницата откако и по продолженијата мрежите на двата тима останаа незатресени.