Поранешниот струмички градоначалник и официјално мандатор за формирање нова Влада

17 Мај 2017

Поранешниот струмички градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска напладне и официјално го доби мандатот за формирање нова Влада на Република Македонија од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

„Ниту еден документ, платформа, акт, не може да биде услов за дејствување на Владата на Република Македонија“ - рече Заев пред да го добие мандатот.

Според уставот, тој во рок од 20 дена треба до Собранието на Република Македонија да достави предлог програма за работа на Владата со предлог членови на новиот Владин кабинет.