Утре прекин на електричната енергија во Струмица, погледнете каде

16 Мај 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица ги известуваат граѓаните дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, утре (среда, 17 мај), од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Струма“, „Стив Наумов“, Градска капела и објекти околу Градска капела, а од 11:30 до 14:00 часот дел од улицата „Ленинова“ (зграда поранешен „Зови Промет“), дел од улицата „Јанко Цветинов“, Центарот за социјални работи во Струмица, и дел од улицата „Жртви на фашизмот“ (згради спроти Црвен крст).