Младинската екипа на Струмица и ја донесоа третата титула на ОК „Струмица“

16 Мај 2017

Младинците на Одбојкарскиот клуб „Струмица“ се прваци на Македонија, освојувајќи ја младинската лига во одбојка на Македонија.

Денеска во финалето што се одржа во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, младинците на ОК „Струмица“ ги надиграа своите врсници од екипата на „УГД“ од Штип со 3:0.

Претходно во полуфиналето, ОК „Струмица“ ја победи екипата на ОК „Синалко“ од Крушево со 2:0.

Младинците на ОК „Струмица“ ја задржаа Шампионската титула од минатата година, а претходно и сениорската екипа станаа Шампиони на Македонија победувајќи ја во финалето екипата на ОК „Пробиштип“.