Струмичкиот стадион ќе се доградува со нови трибини за дуелот Македонија - Албанија

13 Мај 2017

Спортскиот портал „Македонски Спорт“ дознава дека квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Албанија во рамките на 8-то коло во Групата „Г“ за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година, ќе се игра во Струмица, а не во Скопје.

За таа цел како што пишува овој спортски весник била информирана УЕФА која првично дала одобрување, но како услов се наведува зголемување на капацитетот на стадионот „Младост”, кој има рефелектори, бидејќи станува збор натпревар од екстремно висок ризик.

Според „Македонски Спорт“, по завршување на Купот на Македонија, значи од 18 и 19 мај, треба да се започне со изградба на две монтажни трибини кои во најкраток можен рок бидат завршени. Тие две трибини би биле зад головите на теренот. Секако дека треба и дополнително „шминкање” и на трибините, потоа на ложите, секако и соблекувалните.

Пред  десеттина месеци ФК „Беласица“ брифираше дека имало инспекција од УЕФА за осветлувањето на стадионот „Младост“ и дека УЕФА констатирале дека стадионот ги исполнува условите за одигрување на квалификациски натпревар на 5-ти септември во ноќен термин.