Младите фудбалери на ФК „Беласица“ заминаа на турнир во Италија

21 Април 2017

Младите фудбалери на ФК „Беласица“ од Струмица денеска заминаа за Италија, каде ќе учествуваат на меѓународниот турнир „Равена КУП 2017“.

Станува збор за голем меѓународен фудбалски турнир, кој започнува утре, а ќе трае до 25 април, а на кој младите фудбалери од „Беласица“, генерација 2002 и 2003, во последната група „Ф“ за противници ќе ги имат своите врсници од фудбалските клубови „Јесина Калчо“ од Италија, „Душановац“ од Србија, „Стувста“ од Шведска и „БВБ03“ од Англија.

На средбата пред заминувањето, среќен пат и многу успех на турнирот им посака и струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, потенцирајќи дека тие се гордост на општина Струмица, која и го поддржа нивното учество на овој турнир.