Собрани 40.000 денари на хуманитарниот настан на Студио „Даци“

20 Април 2017

По повод велигденските празници, во вторник во големата сала на Дом на АРМ во Струмица се одржа хуманитарен хепенинг на Студио „Даци“. Настанот во форма на час по шминка кој веќе е тренд за сите светски makeup aртисти го привлече вниманието на женската популација од различни возрасти.

Популарниот стилист покажуваше како може да се нагласат природните црти на лицето, покажуваше основни трикови за дневна и ноќна шминка, забавуваше, одговараше на прашања и поттикнуваше на хуманост. Специјални гости и модели на настанот беа Љупка Митрова – модна блогерка и Александра Јанева – поп пејачка. Партнери на настанот беа и „Соноличка“ кои подготвија подароци за 40 случајно избрани посетители.

Од продажбата на влезниците се собрани вкупно 40.000 денари кои се наменети за лекување на Никола Новоселски, кој се наоѓа во коматозна состојба по тешка сообраќајна несреќа.