„Комуналец“ започна со чистење на поројот „Крушевска Република“

19 Април 2017

Во рамките на традиционалната пролетна акција за генерално чистење на градот и населените места, а која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“, вработените во работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, започна со чистење на поројот „Крушевска Република“.

Според информацијата од Бранко Горѓиев, раководител на оваа единица, вклучени се поголем број вработени луѓе кои вршат детално чистење на поројот, односно, на потегот од мостот на улицата „Младинска“ кон горниот дел на градот, а во недела, 23 април, ќе се чисти од мостот кон транзитниот пат.

Бидејќи поројот многу често се полни со разновиден отпад, од „Комуналец“ апелираат до граѓаните, посебно оние кои живеат покрај него, да не го фрлаат отпадот во него, туку, кога имаат насобран отпад во своите домаќинства да се јават на телефонскиот број на „Комуналец“ 034/325-909 и на „Систем 48“ 0800 1 48 48 и истиот веднаш ќе биде подигнат, а со тоа поројот ќе биде чист.