Голем дел од градот Струмица вечерва е без струја

19 Април 2017

Поради пожар на трафостаницата на ЕВН Македонија, која се наоѓа на улицата „Младинска“ во Струмица од 01:00 часот по полноќ голем дел од градот Струмица остана без напојување со електрична енергија. Информацијата за Радио СтрумицаНет ја потврдија и од Противпожарната единица која интервенирала, а екипи на ЕВН Македонија веќе се на местото за отстранување на дефектот.

Од регионалниот Центар за управување со кризи во Струмица велат дека е пријавен пожар на трафостаница на улицата „Младинска“ и поради тоа голем дел од градот е без струја и дека најверојатно така ќе биде вечерва.