„Unique Style“ ги разубавуваше жените од Заводот за рехабилитација во Банско

18 Април 2017

Фризерско-козметичкото студио „Unique Style“ од Струмица, по повод Велигден организираше бесплатни фрузири за штитениците од понежниот пол во Заводот за рехабилитација Бања Банско.

Љупка Пандева, сопственичка на „Unique Style“, вели дека најдобриот подарок за една жена е убавината. Секоја жена заслужува да биде убава на свој начин, па така таа сакаше и тие да се почуствуваат среќни за празниците исто како и другите жени.