Драмскиот театар од Јагодина со претстава пред струмичката публика

18 Април 2017

Драмската секција при СОУ „Никола Карев“ од Струмица, како соработник со Драмски театар од Јагодина, Србија, организира театарска претстава во изведба на гостите од театарот од Јагодина.

Тие ќе се претстават со гротескната комедија „На пучини“, работена според текст на Славомир Мрожек, а во режија на Бојан Милорадовиќ.

Претставата ќе се одржи утре (среда, 19 април) со почеток во 20:00 часот во Дом АРМ во Струмица.

Оваа е вторпат како актерите од Јагодинскиот театар бидат гости во СОУ „Никола Карев“ Струмица.