ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Нов влажен и студен воздушен бран, викендот температури под нула

17 Април 2017

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, која ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и источните делови од земјата. Локало се очекува да наврнат над 25 л/м² воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Ветерот ќе го промени правецот во северозападен и во четврток и петок ќе дува со засилен интензитет. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 9 до 17 степени.

Повторно стабилизирање на времето се очекува од петок. Поради разведрувањето, во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, особено во недела.