Во Струмица наврнале 13 литри дожд на м², на Суви Лаки снег

17 Април 2017

Во изминатите 24 часа во Струмица наврнале 13 литри дожд на метар квадратен, а утрово на планината Огражден на излетничкото место Суви Лаки провејуваше снег.

Денеска попладне ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, во Струмица до 14 степени.