Се трага по 13-годишно девојче од Струмица

16 Април 2017

Струмичката полиција од синоќа трага по 13-годишно девојче кое се смета за исчезнато.

Изчезнувањето синоќа во 21:00 часот во СВР Струмица го пријавил нејзиниот татко А.З. (30) од Струмица.

Според таткото истиот ден околу 15:00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата малолетна ќерка.