Минута молчење за Филип на натпреварите од Првата и Втората лига

15 Април 2017

Денеска сите натпревари од Првата и Втората фудбалска лига започнаа со едноминутно молчење по повод трагичната смрт на Филип Лазаревски, младиот фудбалер на ФК „Академија Пандев“.

Струмица сеуште тагува по својот млад фудбалер, кој со само 15 години трагично го заврши својот живот. Загуби и фудбалска Македонија, бидејќи Филип важеше за еден од најперспективните фудбалери во својата генерација во репрезентацијата на Македонија.