Велигденска честитка од градоначалникот на општина Струмица

15 Април 2017

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, по повод Велигден упатува честитка до сите христијани кои го слават овој голем празник.

Почитувани сограѓани – благочестиви христијани,

Во мигот кога свештените лица како Божји служители, ќе ја објават радосната вест за чудото над сите чудеса на овој свет – Христовото Воскресение, Ви посакувам таа вест да допре длабоко во Вашите срца и души, и да ве направи радосни и горди од сознанието дека сте Божји чеда.

Христовото Воскресение, како најторжествен христијански празник, нека Ви донесе радост, среќа, спокој и благосостојба во Вашите домови, како и здравје, достоинствен живот и хармонија во Вашите семејства.

Празникот треба да се празнува, но тој треба да ни биде и потсетник, дека треба да ги подразбудиме во секој од нас човековите вредности и доблести, како што се добрината, човекољубието, милосрдието и подготвеноста на љубовта да возвратиме со љубов.

Нека ни се среќни и вековити Велигденските празнувања.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

 

Костадин Костадинов

градоначалник на општина Струмица