МВР со официјално соопштение за несреќата на младите момчиња кај Габрово

15 Април 2017

Министерството за внатрешни работи - СВР Струмица со официјално соопштение за трагичната несреќа што се случи во петокот, во која загинаа 15-годишниот Филип Лазаревски и 26-годишниот Никола Смилков.

„На 14.04.2017 година во 02:00 часот на регионалниот пат Банско - Габрово се случила сообраќајна незгода во која 15-годишник од село Бориево, струмичко, управувајќи мопед „Априлиа“ без регистарски броеви, изгубил контрола над истиот и излетал надвор од коловозот. Во незгодата на местото починале возачот и сопатникот Н.С. (26) од село Моноспитово, струмичко. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Струмица и лекар од судска медицина Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите се пренесени во Градската капела во Струмица. Сообраќајната незгода е пријавена во СВР Струмица во 13:10 часот“ - стои во денешното соопштение на МВР.