Во несреќата кај Габрово „Академија Пандев“ загуби еден од најдобрите фудбалери

14 Април 2017

15-годишното момче кое е меѓу двајцата загинати во сообраќајната несреќа, која се случи синоќа на патот Габрово - Банско, е член на ФК „Академија Пандев“ од Струмица. Информацијата ни ја потврдија и од клубот, истакнувајќи дека нивниот фудбалер е член и на македонската фудбалска репрезентација (У15).

„На најтажниот ден во христијанството не напушти... Болката никогаш нема да престане... Засекогаш ќе бидеш дел од нас. Почивај во Мир...“ - пишува на официјалната Фејсбук страна на ФК „Академија Пандев“.