ДОПОЛНИТЕЛНО: Момчињата биле на возраст од 15 и 23 години

14 Април 2017

Двете млади момчиња кои загинале синоќа, според првичните неофицијални информации, околу 03:00 часот излетувајќи од патот Габрово - Банско, пред новиот пат кон Габровскиот водопад, биле на возраст од 15 и 23 години. Од падот на лош терен загинале на лице место. Полицијата врши увид, а безживотните тела се сеуште на местото на трагедијата.