Ване од Куклиш ќе биде Елвис Присли во Лас Вегас

23 Март 2017

32-годишниот Ване Црнгаров од струмичкото село Куклиш, кој живее и работи во Мелбурн, Австралија, е една од многуте копии на Елвис Присли, и како таков летото ќе настапи на фестивал во Лас Вегас, САД, посветен на ликот и делото на кралот на рокенролот - пишува порталот ВЕСТ.

Ване на фестивалот ќе се натпреварува заедно со уште 24 пејачи од светот, кои го почитуваат ликот и делото на Елвис и личат како него.

Ване по професија е музичар и во Мелбурн пее и свири македонска музика. Уште додека бил во Македонија низ рестораните постојано ја пеел „Сега или никогаш“ и на секоја изведба присутните велеле - Го гледате ли Елвис!

Повеќе на: www.vest.mk