Струмичани меѓу најдобрите математичари на 60-от Државен натпревар

20 Март 2017

Осум ученици од средните училишта во општина Струмица се меѓу најдобрите математичари на 60-от Државен натпревар по математика за ученици од средното образование, што се одржа во саботата во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Димитар Бајрактаров, ученик во четврта година во СОУ „Јане Сандански“ од Струмица го освои првото место, а Иван Мастев од истото училиште го освои третото место, заедно со Димитар Стефанов од ПСУ „Јахја Кемал“ од Струмица, а од истото оваа училиште втората награда во својата генерација ја освои Анастасија Трајанова.

За генерациите од трета година средно образование, ученикот Ѓорги Витанов од ПСУ „Јахја Кемал“ го освои второто место.

Ученикот од втора година при СОУ „Никола Карев“, Мартин Динев го освои третото место, додека од прва година третото место го освоија ученичките од ПСУ „Јахја Кемал“, Даниела Ѓоргиева и Анета Ташева.

Сите овие ученици, според освоените резултати се пласираа на Македонската математичка олимпијада 2017-та, која ќе се одржи на 8-ми април во Скопје.