Горан Пандев промотор на Суперкупот на УЕФА 2017-та

20 Март 2017

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ќе биде официјалниот европски промотор на најголемиот спортски настан кој оваа година ќе се одржи во нашата земја „УЕФА Суперкупот 2017“, на 8 август на „Телеком Арената“ во Скопје.

Пандев, со одлука на Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА, ќе биде амбасадор на Суперкуп финалето – „Скопје 2017“.

Официјалното негово претставување како амбасадор на Суперкупот ќе биде во текот на денешниот ден, по што од негова страна во следните четири месеци ќе следат активности за промоција на Македонија, македонскиот фудбал и организацијата на Суперкупот.