×

Notice

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: media/k2/galleries/4173

Млади автомеханичари од СОУ „Никола Карев“ успешно се претставија во Атина

19 Март 2017

Десеттина ученици машинската струка, образовен профил автомеханичар при СОУ „Никола Карев“ од Струмица, под менторство на проф. Зоран Петков, успешно се претставија на ВЕТ проектот „Иновативна обука за ученици автомеханичари“, финансиран преку програмата Еразмус +, а одобрен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кој од 1 до 15 март се одржа во Атина, Грција.

Средношколците од Струмица имаа можност да се запознаат со тамошната практична и теоретска настава, а целта на овој проект не е само размена на искуства, туку придонес и афирмација на училиштето од кое доаѓаат, општината и државата.

Учениците посетија средно техничко училиште, музеј на автомобили, автомеханичарски сервиси и работилници, музеј на воени бродови, сервиси за автоделови, а во слободното време имаа можност да посетат бројни културни знаменитости во Атина.

Галерија

{gallery}4173{/gallery}