ВИДЕО: Санде Митев повторно го освои жирито на „Ѕвездите на Гранд“

19 Март 2017

Меѓу струмичани познатиот вокалист на групата „Алегро“, 37-годишниот Санде Митев, синоќа повторно го освои жирито во популарното балканско ТВ шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Тој во дуелот со 35-годишниот босанец Санел Смоло, освоија шест од можните седум гласови на жирито и двајцата продолжија во баражот, каде Санде доби виза за продолжување во третиот круг од оваа музички натпреварување.

Струмичанецот ги отпеа песните „Ако можеш ти сузу пуштити“ од Харис Џиновиќ и „Ти мене лажеш све“ од Душко Кулиш.

„Можеби вечерва бевте најдобри, од сите кои се претставија во оваа емисија, но сепак не бевте перфектни. Првата песна ја испеа на нос, мислејќи дека пееш како Харис Џиновиќ, но не е така. Не треба да го имитираш, затоа што оние што ќе го направат тоа, изгледаат смешно. Веќе втората песна ја испеа како што треба“ - му рече Аца Лукас на Санде.

Оваа емисија „Ѕвездите на Гранд“ за македонската публика ќе се емитува во сабота (на 25 март) на Канал 5 Телевизија од 20:15 часот.