Струмичкиот одбојкар Никола Ѓоргиев ја освои шампионската титула на Јапонија

19 Март 2017

Струмичанецот Никола Ѓоргиев, синоќа ја освои шампионската титула во одбојкарската лига на Јапонија, освојувајќи ја двојната круна оваа сезона во земјата на далечниот Исток. 

Одбојкарот на „Торај“ во финалето против „Госеи“ славеше со 2:0 во победи, откако вчера го совладаа својот ривал со 3:1 во сетови.

Никола со својата екипа претходно го освоија и Купот на Јапонија и ја заокружи најдобрата сезона во професионалната кариера.

Македонскиот репрезентативец е еден од најсериозените кандидати и за признанието најкорисен одбојкар на јапонскиот шампионат.