Проблематичната крстосница кај силосите на „Жито Струмица“ ќе биде кружен тек

17 Март 2017

Крстосницата кај силосите на „Жито Струмица“, која ги пресечува булеварот „Климент Охридски“ и булеварот „Гоце Делчев“, каде подолг период е без сообраќајната сигнализација, ќе биде кружен тек. Вака денеска на 51-та седница одлучија советниците во Советот на општина Струмица.

„На оваа крстосница ќе се направи кружен тек и со него ќе се регулира сообраќајот. Таму има проблеми со сообраќајната сигнализација и веруваме дека со кружниот тек ќе се воспостави поголем ред во сообраќајот и ќе има помалку сообраќајни незгоди“ - рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.