ФОТО: Пожар во близина на трафостаница на ЕВН Македонија

17 Март 2017

Околу 14 часот избувна пожар до трафостаницата на улицата „Ристо Ќурчиев“ во Струмица.

Опожарена беше локација која наликува на депонија со прнар и нискостеблести дрвја. Од ветрот пожарот набрзина се прошири, но веднаш пристигна возило на Противпожарната единица на Струмица, која го локализираше пожарот.

Засега не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека е причинет од човечки фактор.

Опасноста беше голема имајќи во предвид дека во непосредна близина е трафостаница на ЕВН Македонија, а над локацијата со пожар имаше далновод.