Струмичкиот народен театар на турнеја во Шпанија, Турција и Русија

16 Март 2017

Струмичкиот народен театар „Антон Панов“ на меѓународна турнеја со театарските претстави „Каминот“, „ТАА“ и „Мурлин Мурло“.

На денешната прес конференција, уметничкиот раководител, Драган Маџиров, информираше дека на 22 март струмичките актери ќе гостуват во Анталија, Турција, каде ги изведат претставите „Каминот“ и „ТАА“ во режија на Васил Михаил, а од 1 до 10 јуни се во Шпанија со претставата „Каминот“.

Од 20 до 30 јуни, Струмичкиот народен театар гостува на меѓународен фестивал во Русија со претставата „Мурлин Мурло“, а меѓу учесниците освен струмичани, ќе бидат и актери од 24 театри од Србија, Романија, Унгарија, Русија.

„За нас како мал театар ова е голем успех, да се претставиме на толку далечни места“ - рече Маџиров.