Локална конференција за социјална инклузија на млади и жени

16 Март 2017

Во рамките на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје, а во организација на локалните координатори, Организација на жени од општина Струмица, денеска ја одржа Локалната конференција за социјална инклузија на млади и жени.

Проектот МАПСИ е финансиран од IV ИПА компонента за развој на човечки ресурси од страна на ЕУ. Предвидено е 18 општини да креираат локални стратегии за социјална инклузија на млади и жени заедно со сите локални чинители.

На првиот дел од конференцијата се дискутираше за пристапот и методологијата на изработка на оваа локална стратегија за социјална инклузија на маргинализирани групи.

„Во општина Струмица тековниот проект е одлична можност сите локални чинители преку вмрежување во локалната активна платформа за социјална инклузија заедно да допринесеме кон креирање на стратегија која ја одсликува реалноста и која преку соодветни мерки ќе ги реши приоритетните проблеми на младите и жените од општина Струмица“ - вели Ленче Христова, локален координатор на МАПСИ.

Вториот дел од конференцијата беше посветен на конкретните чекори кои ќе ги дадат насоките врз основа на кои ќе биде изработена локалната стратегија за социјална инклузија на жените и младите во општина Струмица. Заклучено е дека преку градење на локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Струмица и континуираната соработка помеѓу институциите и организациите кои работат со млади и жени а делуваат на територијата на Струмица, ќе се допринесе кон заедничко решавање на конкретни локални проблеми кои ги засегаат овие две целни групи.

Целта на оваа локалната конференција беше да се соберaт сите претставници на локално ниво, преставници на институции, граѓански организации кои работат со целни групи жени и млади и истите да учествуваат во формирањето на Локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Струмица - ЛАПСИ. По оваа конференцијата ќе следи континуирана работа за креирање на локална стратегија за социјална инклузија на жени и млади во општина Струмица.