Се барат млади луѓе со креативни идеи за проектот „Мрежа за креативно претприемништво”

16 Март 2017

Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Струмица, започнува со имплементација на проект од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, „Мрежа за креативно претприемништво”.

Сите заинтересирани млади лица со креативни идеи и вештини од локаните училишта, универзитети и локални бизниси, невработени лица со креативен потенцијал, идни и постојани претприемачи, можат да се пријават за учество во проектот „Мрежа за креативно претприемништво”, во рамките на кој ќе се реализираат бесплатни обуки на повеќе теми, како што се: Креативни работилници, (ателје) за креирање на кратки филмови и промотивни клипови, Креативни работилници, (ателје) за изработка на маски и костуми и Обуки за усовршување на вештини и знаења за занаети и рачни изработки.

Преку учество во проектот ќе ги зголемите Вашите кративни идеи и вештини, ќе стекнете нови искуства за работа во тим, а исто така ќе добиете можност и за комуникација со експерти од Бугарија преку учество на креативен форум во Благоевград.

Најкреативните ќе имат можност за бесплатно патување во земја од ЕУ и можност за развивање на добри практики.

Сите заинтересирани можат да се обратат во просториите на Фондацијата за развој на МСП – Струмица, Инкубатор (Стара касарна) или подетални информации да добијат на маил: како и на телефонскиот број: 034/349-320. 

Проектот е кофинансиран од страна на ЕУ преку Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија - Бугарија. Партнер на Фондацијата од Бугарска страна е Бизнис Инкубатор - Центар за поддршка на претприемништвото - Гоце Делчев.