Пожар во „кулата“ евакуирани станарите

16 Март 2017

Синоќа околу 1 часот по полноќ избувнал пожар од електричните броила на ЕВН во зградата - „кулата“ до самиот ТЦ „Глобал“ во Струмица.

Екипа на Противпожарната единица со две противпожарни возила и шест пожарникари, веднаш по пријавата во 01:05 часот интервенирала, но само со ПП апарати, до исклучувањето на електричната енергија од страна на екипа на ЕВН Македонија, поради опасност од експлозија.

Станарите од зградата биле евакуирани, а целата интервенција траела околу еден час. Нема повредени граѓани, направена е голема материјална штета. Во моментот домаќинствата од оваа зграда остануваат без електрична енергија.