Во Центарот за култура во Струмица отворен мини Саем на книгата

15 Март 2017

Од денеска во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица е отворен мини Саем на книгата на издавачката куќа „Македоника литера“, каде се изложени околу 300 изданија од детската литература, белетристиката, историографијата и стручната литература.

Љубителите на пишаниот збор до сабота, 18 Март, ќе можат да најдат наградувани и високо вреднувани современи европски романи, наградени романи од Балканот, дела од класиката, историски романи, дела од македонски автори, книги за деца од најдобрите македонски автори и од познати странски автори, вредна историска литература, антологиски дела на светската драма, книги за театар и за филм, стручна литература.

Во рамките на мини Саемот, за утре со почеток во 13 часот, во Центарот за култура, ќе се одржи омаж на истакнатиот македонски писател за деца, Киро Донев, а по повод два негови јубилеја: 50 години творештво и 75 години живот. Саемот можете да го посетите во периодот од 11:00 до 20:00 часот.