ФОТО/ВИДЕО: Од синоќешниот протест „За заедничка Македонија“ во Струмица

15 Март 2017

И синоќа од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, на протестниот марш низ улиците на Струмица упатија несогласување со таканаречената „тиранска платформа“ и пораки за за зачувување на унитарноста на државата.

Поворката граѓани од плоштадот се упати низ централното градско подрачје преку старата чаршија до општинската зграда, испраќајки ги пораките за заштита и чување на државотворноста, името, химната и знамето на Македонија.