ФОТО: Протестите „За заедничка Македонија“ во третата недела

13 Март 2017

По викендот, од денеска во Струмица продолжија протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Протестите започнуваат во 18 часот од пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот, продолжуваат низ улиците на Струмица.

„Денеска се прашувам, што ќе им порачам на децата од детското студио во Скопје, на своите внуци, во која држава живеат. Затоа се поклонувам на авторите, на писателите, коишто ме хранат со своите стихови и со своите текстови ми го покажуваат вистинскиот правец каде треба да одам и што е тоа што треба да го бранам и да го чувам. Двата столба на моето постоење, на нашето постоење, државата, нашата татковина и на мајчиниот јазик, нашата мајковина“ - рече пред насобраните граѓани актерката Снежана Конеска Руси.

Од Струмица се упати повик до сите граѓани на Македонија, независно од етничката, верската, политичката или која било друга припадност, да се приклучат кон овие мирни протести за зачувување на унитарноста на Македонија.