Автомобил излетал од патот кај бензинската на „Лукоил“, една жена повредена

13 Март 2017

Утринава околу 5 часот, на излезот од Струмица кон Радовиш, во непосредна близина на Бензинската станица на „Лукоил“, се случила сообраќајна незгода во која автомобил со велешки регистарски ознаки излетал од патот.

Во незгодата повреден е возачот, жена од Велес која го управувала автомобилот и се претпоставува дека заспала, при што изгубила контрола над автомобилот. Со неа бил и нејзиниот син, кој за среќа поминал без повреди.