Падна и Металург пред Академија Пандев

11 Март 2017

Лидерот на табелата во Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Академија Пандев, продолжува со победнички изданија во Втората лига.

Денеска на стадионот „Кукуш“ во Турново, во рамките на 16-то коло, „Пандевци“ беа подобри од Металург, совладувајќи го со 2:0.

Сашко Пандев го отвори резултатот уште во третата минута, а Љупчо Дориев во 54-та минута зголеми на 2:0, што беше и конечен епилог на оваа средба.