„ШАЛОМ“ - најпосетуваниот ресторан во Македонија е во Струмица

11 Март 2017

Струмица го има со сигурност најсовршениот угостителски објект во Македонија. Ресторанот „Шалом” е место каде аристократскиот пречек, топлата атмосфера и неверојатно впечатливиот амбиент се на дланка.

Пред нешто повеќе од еден месец, Струмица, но и Македонија добија еден вистински угостителски рај, кој досега го посетиле повеќе од 25.000 гости, или повеќе од 500 луѓе дневно и секој од нив понел пријатни спомени и сеќавања.

Впечатливоста на објектот ќе ја забележите уште на прв поглед. Надворешниот изглед ќе плени сечиј поглед и ќе добиете впечаток дека влегувате во нешто невистинито, нешто што дотогаш не сте го виделе ни на сон.

Но, тоа е само почеток! Она што дополнително ќе го одземе вашиот здив и ќе ви вети вистинско уживање е внатрешноста на „Шалом”.

За миг ќе помислите дека се наоѓате некаде на илјадници километри надвор од Македонија, а сепак сте тука, гледате вистинско совршенство пред вашите очи, а лицето ви се смее од уникатноста и магичноста која е на секој чекор околу вас.

За услугата не треба многу да се зборува, кога се знае дека Шеф на кујната е Зоран Андонов, член на ММЦЦ здружението на најдобрите Македонски готвачи, кои зад себе имаат голем број медали и признанија.

Сопствениците на „Шалом“, Јорданчо Јанев и Доне Карастоев, најавуваат дека овој луксузен ресторан допрва ќе изненадува со атрактивни понуди за своите клиенти и дека тука секогаш ќе ги имаат најновите гурмански светски достигнувања.

Секој залак од кујната на „Шалом” е вистински афродизијак, а секоја минута плус престој е уживање. Ако сеуште не сте биле, повелете, ве очекуваат во секој момент од денот и ноќта...