ФОТО: Чудотворната икона Богородица Брзопослушничка, подарок на градот Струмица осветена во Манастирот „Сохос“ во Солун

11 Март 2017

Копија од чудотворната икона на Пресвета Богородица Брзопослушничка, кои група струмичани денеска ја подигнаа од Света Гора, како подарок на градот Струмица од светиот игумен на Свештената Обител Дохијар, Старец Григориј, вечерва беше осветена во Манастирот „Сохос“ во Солун.

Струмичани со „Богородица Брзопослушничка“ утре изутрина ќе продолжат кон Струмица, каде на плоштадот „Гоце Делчев“ во 13:00 часот ќе биде изложена иконата, а од таму ќе се носи кон вечното седиште во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.