Струмичанец фатен со дрога на автобуската во Скопје

10 Март 2017

Единицата за недозволена трговија со дрога на 08.03.2017 година, реализираше случај на недозволена трговија со дрога, при што се запленети 1 килограм и 703 грама наркотична дрога марихуана.

Имено, по спроведена истрага утврдено било дека лицето Е.П.Е. (54) од Струмица на 08.03.2017 година во Скопје неовластено набавил наркотична дрога марихуана со намера истата да ја транспортира и продаде на непознато лице во Струмица.

По ова, се качил во автобус  на меѓуградската автобуска станица, каде од страна на полициски службеници бил легитимиран и при извршен преглед била пронајдена дрогата.

Единицата за недозволена трговија со дрога денеска против Е.П.Е. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ - стои во информацијата на МВР.