И вечерва продолжи маршот за поддршка за унитарна Македонија

10 Март 2017

Вечерва голем број струмичани повторно на улиците со протесниот марш за поддршка за унитарна Македонија, или како што рекоа „не“ за двојазичноста, промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија.

Oд говорницата се обратија повеќе граѓани кои ги прочитаа барањата на иницијативата „За заедничка Македонија“. Од Струмица упатија повик до сите граѓани на Македонија, независно од етничката, верската, политичката или која било друга припадност, да се приклучат кон овие мирни протести за зачувување на унитарноста на Македонија. 

Тие порачаа и дека нема да дозволат „политичарите да си играат со националните интереси на Македонија, само за да дојдат на власт“.