Print this page

Во Струмица наврнало 8 л/м² дожд, ветер до 60 км/час

10 Март 2017

Во изминатите 24 часа во Струмица наврнале 8 л/м² дожд, темпратурата во 07:00 часот била 6 степени.

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремен локален дожд, особено во југоисточните делови на земјава. На повисоките планини има повремени и слаби врнежи од снег. Дува умерен до засилен северен ветер, долж Повардарието и во источните делови се засилува. Во струмичката котлина ветерот надминува над 60 км/час - информираат од УХРМ.

Времето денеска ќе биде променливо облачно на повеќе места со врнежи од дожд, на повисоките планини ќе има врнежи од снег, локално со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава.

Највисоката температура денеска во земјава се очекува да достигне до 13 степени.