Веќе седум дена низ улиците на Струмица протестен марш „За заедничка Македонија“

09 Март 2017

Низ улиците на Струмица и вечерва, веќе седми ден со протестен марш за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Од градскиот плоштад „Гоце Делчев“, граѓани упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и против двојазичноста.

Пред насобраниот народ се обратија неколкумина говорници кои испратија пораки на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Професорот Павле Стојанов со стихови од Гане Тодоровски, кои  ја опеваат силната љубов кон татковината, иако, како што рече, напишани одамна секогаш се актулени и погодни, зошто кај нас во насока на македонскиот национален идентитет иако многу се менува, ништо не е променето.

Од градскиот плоштад, групата граѓани се упати низ централното градско подрајче со транспарент во раце „За заедничка Македонија“ и со пеење патриотски песни.