Мајки и деца на час по физичко „Ајде да вежбаме заедно“

09 Март 2017

По повод празникот на жената 8 Март, учениците од Iб одделение при ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица, заедно со својата учителка Стојка Азманова, организираа активност под мотото „Ајде да вежбаме заедно“.

Идејата на учителката Азманова се реализира под менторство на професорката по физичко и здравствено образование, Вера Божијанова Димитриевска.

Од спроведената анкета од страна на учителката, на прашањето: „Колку вашите родители играат со вас?“, само 10% од децата дале потврден одговор, останатите одговориле дека родителите немаат време. Овие податоци се навистина поразителни и загрижувачки.

Во ерата на компјутерската технологија, децата, најголемиот дел од времето го поминуваат пред компјутер.

Знаејќи колку вистина се крие во мудроста „Во здраво тело, здрав дух“, се реализираше оваа активност, со цел, децата да се насочат кон практикување физичка активност и здрави навики кои ќе ги следат цел живот.

Децата кои вежбаа заедно со своите мајки, беа воодушевени и пресреќни. Самите фотографии ќе ви ја доловат возбудата кај децата... Погледнете ги на следниот линк >>>