Џек Пот на Државна видеолотарија во Василево, добитникот од Босилово

09 Март 2017

Жител на село Босилово е добитник на Џек Пот добивката „милионер“ на Државна Видеолотарија, вредена 1.629.424 денари.

Фантастичната добивка, најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, освоена е во „Спортлајф Трејд“ во село Василево, на 7-ми март во 17:10 часот.

Среќниот „милионер“ од Босилово целата добивка и ја подари на сопругата во чест на празникот на жената. Имено, двајцата вчера, на празникот на жената беа во просториите на Државна Видеолотарија на Македонија, од каде го подигнаа чекот со 1.629.424 денари.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија ги стартуваше на 1-ви јуни минатата година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5.000 до 10.000 денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари. Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 33 „Милионер Џек Пот“ добивки во вкупен износ од 49.197.081 денари. Покрај нив, освоени се и 4454 „Мини Џек Пот“ добивка во вкупен износ од 33.380.401 денари.