Неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље без струја

09 Март 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 10 март), во периодот од 09:30 до 12:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето на електричната енергија во компаниите: Фабрика „Тозо“ (Дени компани), Бензинска станица на „Макпетрол“, „Евростил-М“, „Фани Скопска Пивара“ и Ролетар „Москов“, кои се наоѓаат на патот кој води кон излезот од Струмица за Дабиље (од левата страна).

Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.