Здруженијата НОВУС и АИМ склучија меморандум за соработка

09 Март 2017

Здружението НОВУС од Струмица, претставувано од претседателот Ѓорги Тасев и Асоцијацијата за интернационална мобилизација (АИМ), претставувано од претседателот Никица Бачовски од Виница, вчера склучија Меморандум за соработка.

Со овој Меморандум, тие се обврзаа нивните заеднички активности и дејствувања да бидат базирани во четири сегменти и тоа: Млади и младински активизам, добро владеење и владеење на правото, децентрализација и промоција на човекови права.

Покрај реализацијата на заеднички активности, двете здруженија се обврзаа да разменуваат искуства и знаења, да аплицираат на заеднички проекти и да придонесат заеднички, со целиот свој капацитет за јакнење на граѓанското општество како коректив на работата на властите.