Утре прекин на електричната енергија во градот Струмица

08 Март 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 9 март), во дел од градот Струмица ќе биде прекинато снабдувањето со електрична енергија поради реализација на ивестициони зафати, и тоа:

од 09:30 до 12:30 часот - Градска капела и улиците: „Стив Наумов“ и „Струма“,

од 10:00 до 13:30 часот - дел од улиците „Ѓорги Василев“, „Спиро Захов“ и „Маршал Тито“.