×

Notice

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: media/k2/galleries/4125

Жените од ВМРО-ДПМНЕ на празникот на жената со хуманитарна акција

08 Март 2017

Жените од ВМРО-ДПМНЕ одлучија денешниот празник на жената да го одбележат со хуманитарна акција. Имено Унијата на жени при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, во компанијата „Медикус Хелп“ организираше донација за Здружението „Борка“ од Струмица, која се состои од седум перики за жени кои боледуваат од рак, а потекнуваат од социјално-загрозени семејства.

Според Ели Панова, претседател на Унија на жени, ова е мал гест на внимание за болните од рак, кои поминуваат тешка фаза во животот.

„Во оваа акција учестуваа голем број жени, а не само наши членки. Сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа свој придонес за реализација на оваа акција, која е особно важна за оваа категорија жени. Сакаме да им порачаме на сите дека хуманоста треба да биде дел од нашето секојдневие, затоа што секое нешто кое со малку љубов и внимание го правиме ја создава вистинската среќа“ - истакна Панова.

Кети Филчева од Здружението „Борка“ во Струмица, изрази голема благодарност за донацијата, нагласувајќи дека помошта ќе биде од корист за жените болни од рак.

„Благодарност на жените од ВМРО-ДПМНЕ што се откажаа од прославата на 8 март и собраа средства да ги купат овие седум перики. Особено ни е важно што оваа донација е наменета за жени и доаѓа од жени. Ние, како „Борка“ освен со едукација и превенција, имаме и кампања за донирање бесплатни перики на жени кои минуваат фаза на хемотерапија, а социјалната положба не им дозволува да купат сами. Тргнувајќи од фактот колку косата и значи на жената, ваквите донации ни овозможуваат да им помогнеме на поголем број дами“ - рече Филчева.

Филчева информираше и дека жените оперирани од рак на дојка, од годинава може да земаат бесплатна протеза покриена од ФЗОМ, еднаш годишно, а не како што било случај досега еднаш на две години.

Галерија

{gallery}4125{/gallery}